::SKOPLJE


fotografije sa koncerta



ШАБАН БАЈРАМОВИЌ ВО СКОПЈЕ

Балканската "буена виста" пееше без престан два часа


                Иако не ја наполни Универзална сала до последно столче, Шабан Бајрамовиќ, завчеравечер имааше концерт за паметење. Балканската "буена виста", како што го нарекуваат како да нема 70 години. Скоро два часа пееше без престан микс од џипси, латино и џез.

                Иако не ја наполни Универзална сала до последно столче, Шабан Бајрамовиќ, завчеравечер имааше концерт за паметење. Балканската "буена виста", како што го нарекуваат како да нема 70 години. Скоро два часа пееше без престан микс од џипси, латино и џез. А, публиката му тактираше со раце и го поздравуваше со аплуз буквално на секоја песна. И сите како да заборавија на доцнењето од половина час.
Концертот почна со песна и го немаше она клише "Добровечер Скопје, сите ве сакам...".
             

               
Шабан зедно со новосадскиот оркестар "Доброволно ковачко друштво" успееа да ги станат од столче уживачите на неговата музика: страоградската "Беле руже" во кантри арнажмн, блуз изедбата на неговиот хит "Месечина", "Маркуша", "Ѓелем, ѓелем", "Ханума"....Пееше и дел од песните кои се на неговиот нов албум Романо рај", со кој според спсанито "Тајм" е прогласен за трет блуз пејач во светот.
 
              
Некаде пред крај на концертот се појави и Влатко Стефановски. Му беше специјален гостин на Шабан. Ја растури гитарата, а публиката вистински го поздрави овој музички дилириум. Се колуминираше со "Ѓелем, даде" во латино верзија и двата биса.
А кој се уживаше да го слуша Шабан? Кирил Џајковски, режисерот Александар Поповски, па Оилвер Белопета, Норвешкиот амбасадор со сопругата, поп пејачката Дани, диско селекторот Драган Б. Костиќ. Ги видовме и македонскиот "милионер"-Трендо, Марин Бабиќ, Тошо Малерот, екс директората на Драмски и актерка Силвија Стојановска, пливачката Наташа Мешковска, брачната музичка двојка Тања и Новица.... (
А. Герова, Вест)


Два биса за Шабан Бајрамовиќ

                Комбинација од џипси, латино и џез-елементи вткаена во последниот албум на Шабан Бајрамовиќ прозвуче завчеравечер во Универзална сала, Скопје, каде што премиерно беше промовирано последното музичко остварување на популарниот пејач - „Романо рај“. Легендата на циганската музика пееше еден и пол час пред полупразната Универзална сала, при што ниту поместениот термин од 7 на 14 мај не помогна да се исполни до последното место.

                Бајрамовиќ настапи со задоцнување од 40-ина минути (во време кога беше закажан почетокот - 20,30 часот се' уште траеше пробата), а беше дочекан од публика која можеби не беше многубројна, но беше вистинска, составена од вистински љубители на неговата музика. Придружуван со аплаузи уште од првата песна, Бајрамовиќ не' поведе во едно патување кое музичките критичари го вклучуваат во доменот на т.н. светска музика, светот на „Белe ружe“, „Девла, девла“, „Гелјан даде“, преубавата „Марушка“, „Ѓелем, ѓелем“ во џез, блуз, соул-аранжмани...

                Неговиот трепетлив глас обоен со емоции и насмевка која како никогаш да не се симнува од лицето полно со бразди (не можат да му напакостат дури ни 71 година), подзатскриено со темни очила, во одлична придружба на ансамблот „Доброволно ковачко друштво“, не остави никого рамнодушен во салата, каде што меѓу посетителите забележавме и многу познати личности, љубители на балканскиот цигански џез - Васко Тодоров („К-15“), режисерот Александар Поповски, Марин Бабиќ, Оливер Белопета, брачно-музичката двојка Новица од „Биоритам“ и Тања Лазаревска, пејачката Дани, Влатче - „Морал“, Мелита - „Пет шоу“ со сопругот Соме...

                Шабан Бајрамовиќ сам по себе е доживување кое ретко се случува и тешко се опишува, а најубаво се доживува. Сепак, кога на една ваква легенда ќе се додаде и виртуозот на гитара Влатко Стефановски, дури тогаш настанува вистински делириум. Стефановски настапи како специјален гостин на концертот, а песната „Камерав“ едноставно звучеше фантастично, исто како и песните што следуваа по неа...

                На публиката не и' беше доволен еден концерт, таа посака уште, скандираше „Шабан, Шабан“, го врати стариот лисец повторно на сцената, а на бис ги слушнавме „Ѓелем, ѓелем“ и „Гелјан даде“. И тоа не беше доволно, упорната публика (повторно) бараше уште и одново го врати легендарниот пејач, кој специјално за присутните што дојдоа на неговиот концерт премиерно изведе една од своите нови композиции, секако, испеана на ромски јазик.

                Го нарекуваат балкански Буена виста феномен. Сосема со право.

                Шабан Бајрамовиќ досега има објавено околу 20 албуми и 50 сингла, а се смета дека е автор на над 650 песни со ромски мелос. (
K.Ш, Утрински весник)